17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрапите бегаат од нафтата, бараат спас во водата и ветерот

Арапите бегаат од нафтата, бараат спас во водата и ветерот

Саудиска Арабија сака 10 проценти од своите потреби за електрична енергија да ги покрива од обновливите извори во наредните неколку години.

Така оваа држава сака да го трансформира својот енергетски сектор, изјави саудискиот министер за енергетика Калед ал Фалих.

Саудиска Арабија, како најголем извозник на нафта во светот, исто така ќе ја продава својата технологија и енергијата добиена од обновливите извори, додаде тој, а пренесува агенцијата Франс прес.

Ал Фалих најави дека ќе бидат реализирани 30 проекти, со цел веќе наредната деценија да се достигне целта за производство на електрична енергија од обновливите извори од 10 гигавати.

„Споменатите проекти ќе чинат меѓу 30 и 50 милијарди долари, а уделот на енергија од обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија до 2023 година ќе изнеусва 10 проценти“, изјави Фалих на почетокот на Инвестицискиот форум за обновливите извори на енергија во Ријад.

Во моментов речиси целокупната електрична енергија во Саудиска Арабија се добива од нафтата или природниот гас, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП