8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft дојде до 100 милиони корисници на Windows 8

Microsoft дојде до 100 милиони корисници на Windows 8

windows8

Продажбата на оперативниот систем на „Microsoft Windows 8“ успеа да достигне бројка од 100 милиони за само шест месеци од претставувањето, иако стапката на продор и натаму е ниска. Од „Microsoft“ имаат намера и натаму да се борат против слабиот интерес за нивниот водечки софтвер со значајни ажурирања за полесно користење (Windows Blue ili 8.1), како и компатибилност со помалите таблети.

Ова е првиот оперативен систем на „Microsoft“ кој примарно е дизајниран за команди на допир, но и натаму не успева да се најде на листата на желби на корисниците или повеќе да се пробијат на пазарот на таблети каде доминираат „Apple“ и „Samsung“.

Иако продажбата од 100 милиони лиценци се во склад со продажбата на „Windows 7“ од пред три години за првите шест месеци, но извесно е дека нема да го постигне неговиот годишен резултат од 240 милиони за првата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП