19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ е поголем оптимист за руската економија во оваа година

ММФ е поголем оптимист за руската економија во оваа година

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше проценката за развојот на руската економија и очекувањата се пооптимистички.

Во прогнозата која ќе биде објавена со следните денови, организацијата запишала раст од 1,4% во 2017-та година за бруто домашниот производ на Русија. За 2018-та година очекувањата се за раст повторно од 1,4 отсто.

Во претходните извештаи ММФ прогнозираше раст за економијата на земјата од 1,1% во 2017-та година и од 1,2% во 2018-та година.

ММФ наскоро ќе објави извештај за состојбата на светската економија и нивните очекувања за нејзиниот развој. Тој ќе биде дискутиран за време на претстојната пролетна средба меѓу претставниците на ММФ и Светската банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП