16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackstone ја купува EagleClaw за 2 милијарди долари

Blackstone ја купува EagleClaw за 2 милијарди долари

„Blackstone Group“ ќе го купи операторот на цевководи во богатиот со нафта западен Тексас, „EagleClaw Midstream Venture“ за сума од 2 милијарди долари, соопштува „Bloomberg“. Очекувањата се дека зделката ќе биде финализирана до крајот на јули.

Компанијата поседува 375 милји цевководи со капацитет од околу 300 милиони кубни метри на ден во најбогатиот со нафта регион во САД.

„EagleClaw“ ќе го задржи своето име како дел од портфолиото на „Blackstone“. Компанијата со месеци бара купувач на своите средства, потсетува „Bloomberg“. Заемот од 1,25 милијарди долари кон „Jefferies“ е дел од договорот.

Инвестицискиот фонд „Blackstone“ започна да инвестира во нафтената и гасната индустрија, додека цената на нафтата е на најниско ниво од 2014-та година, па наваму. Во последниве месеци, сепак има обновување на пазарот.

Активирањето на екстракција на гас од шкрилци и на развојот на нафтените наоѓалишта ги прави повеќе барани нафтоводите и како целина инфраструктурата за пренос на суровината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП