6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСамостојна ликовна изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов

Самостојна ликовна изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов

Реномираниот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов, во среда, во 20 часот, во галеријата FLUX во Скопје ќе ја отвори јубилејна 65-та самостојна ликовна изложба.

Хаџи-Николов е добитник на многубројни награди и признанија во нашата држава и пошироко, помеѓу кои и престижната Државна награда 23-ти октомври за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста.

На изложбата ќе бидат изложени 30-тина дела , работени во техника масло на платно, создавани последните години. Изложбата е поддржана од Град Скопје и ке биде отворена до 5-ти мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП