19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД одлучи: Кина не е монетарен манипулатор

САД одлучи: Кина не е монетарен манипулатор

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не обвини ниту еден од најголемите трговски партнери на САД за манипулација на девизниот курс во долгоочекуваниот извештај, претставен во петокот. На овој начин таа се повлече од клучното ветување од кампањата на Трамп да стави слична етикета на Кина.

Во извештајот на Министерството за финансии, кој излегува на секои шест месеци, се наведува дека, сепак, САД продолжува да ја држи кинеската валута во „мониторинг листата“, покрај намалувањето на дефицитот на тековната сметка од страна на Пекинг, повикувајќи се на невообичаено големиот трговски вишок на Кина во трговијата со САД.

Пет други трговски партнери, кои беа во мониторинг листа од октомври минатата година – Јапонија, Северна Кореја, Тајван, Германија и Швајцарија, остануваат во неа. Така ќе се осигура дека Министерството за финансии ќе применува дополнителна контрола во однос на странските валути и економските политики.

Во извештајот министерството го призна она што многу аналитичари го коментираа во последната година, имено дека Кина неодамна се вмешала на девизните пазари, за да ја поддржи вредноста на својата валута, а не за да ја намали, па да го направи кинескиот извоз – евтин.

Експерти коментираа пред Ројтерс минатата недела дека дефиницијата „манипулатор“ е малку веројатно да биде искористена за Пекинг.

Трамп, кој за време на кампањата ја обвини Кина за „кражба“ на американските работни места и во пречка за напредокот преку девалвација на валутата, постојано ветувајќи дека ќе ја прогласи земјата за монетарен манипулатор  од страна на својата администрација. Овој потег би барал специјални преговори и може да доведе до кривични царини и други активности.

Министерството за финансии исто така, предупреди дека внимателно ќе ги следи кинеските трговски и девизни практики и повика на побрзо отворање на кинеската економија за американските стоки и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП