6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали милијардерите се најпаметни во светот?

Дали милијардерите се најпаметни во светот?

bogatstvo1

Обично се мисли дека две работи се важни за успех – напорна работа и среќа. Меѓутоа, прашањето е дали најбогатите луѓе се навистина најинтелигентни и најпаметни.

Врз основа на најновото истражување на „Duke University“ изгледа дека одговорот на ова прашање е потврден.

Всушност, тие дошле до резултат кој покажува дека – колку сте попаметни толку сте побогати.

Тоа значи дека милијардерите се најпаметните луѓе. Имено 45 проценти од милијардерите сочинуваат еден процент од најпаметните луѓе во САД.

Тоа е одличен резултат со оглед на тоа дека меѓу најпаметните луѓе се наоѓаат 39 проценти од оние кои не се милијардери (но тие се милионери) и кои се наоѓаат на листата на „Fortune“ како најдобро платените 500 менаџери. Потоа следат 41 процент од сенаторите и 40 проценти од федералните судии.

Милијардерите кои се забогатиле од развојот на технологијата и инвестициските вложувања, според истражувањето, се најпаметни. Ова истражување открило дека 63 проценти од менаџерите од технолошката сфера и 69 проценти од финансиските области се наоѓаат меѓу најпаметните од елитата. Од друга страна милијардерите кои работат во модата или трговијата на мало не се толку бистри.

Ова истражување води до вакви заклучоци врз основа на информациите за тоа на кои колеџи присуствувале милијаредите. Ако тие присуствувале на еден од 29-те елитни колеџи, се смета дека тие се наоѓаат во групата која сочинува еден процент од најпаметните луѓе. Овие колеџи бараат високи резултати и висока интелигенција.

Бизнис Инсајдер смета дека ваквиот начин на мерење кој бил применет, може да биде многу погрешен, бидејќи ги изоставува интелигентните луѓе кои не биле на колеџ, а за паметни ги смета оние кои посетувале колеџ поради своите богати родители или поради добиената спортска стипендија.

Резултатите од ова истражување се спротивни од досегашните тврдења дека не постои корелација помеѓу богатството и интелигенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП