26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го губи тронот - Kој сега произведува најевтина стока?

Кина го губи тронот – Kој сега произведува најевтина стока?

Кина ја губи својата предност како земја со најевтино производство во светот, а нејзиното место го преземаат други азиски земји во развој.

Тоа се Индонезија или Бангладеш, покажува новиот извештај на меѓународната ревизорска компанија KPMG.

Според податоците на KPMG, Кина веќе нема да биде омилена дестинација за странските компании за производство, бидејќи минималната плата во таа земја е веќе четири пати поголема отколку во некои други држави од јужна и југоисточна Азија. Првенстено се мисли на Бангладеш и Индонезија, каде странските компании се почесто го селат своето производство.

Кина, сепак, и покрај растот на минималната плата, има големи предности – релативно развиена инфраструктура и голема продуктивност.

Благодарение на тоа и понатаму ја задржува доминантната положба во производството на стока, како што е електрониката или опремата за домаќинство. Само што, според KPMG веќе ја губи конкурентноста во производството на обувки и облека, кои полека но сигурно се шират во други области на Азија. На пример, Индонезија и Виетнам започнаа со специјализација за производството на облека.

Според проценката на KPMG, извозот на облека од Индонезија лани е зголемен за 42 проценти, на вкупно 2,1 милијарди долари. Извозот на облека од Бангладеш од почетокот на оваа година до крајот на јули пораснал за 43 проценти на годишно ниво, на повеќе од 18 милијардари долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП