9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновачот на Inditex повторно е вториот најбогат човек во светот

Основачот на Inditex повторно е вториот најбогат човек во светот

Амансио Ортега – основачот на шпанскиот гигант „Inditex“, сопственик на брендот „Zara“, го надмина Џеф Безос и повторно е вториот најбогат човек во светот, пишува „Bloomberg“.

Вчера акциите на модниот концерн поскапеа за 1,27%, што додаде 617 милиони долари кон богатството на Ортега. Така нето богатство достигнува 76,7 милијарди долари, според „Bloomberg Billionaires Index“.

Основачот на „Amazon.com Inc.“, Џеф Безос загуби 978 милиони долари поради падот на акциите на онлајн гигантот. Неговото нето богатство достигнува 76,4 милијарди долари, според оценките на „Bloomberg“.

Безос ја зазеде втората позиција на листата на најбогатите во светот, надминувајќи ги Ортега и Ворен Бафет, пред две недели, потсетува новинската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП