5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботна група за наоѓање решение за функционирање на Општините

Работна група за наоѓање решение за функционирање на Општините

Пробиените рокови за одржување на локалните избори може да го парализира работењето на Општините, алармираа деновиве градоначалниците на повеќе Општини. Во контекст на изнаоѓање начин како да функционираат Локалните самоуправи во овој период,надлежните најавија дека наскоро ќе биде формирана работна група. Таа ќе биде составена од претставници од ЗЕЛС ,Министерството за Правда и Министерството за Локална Самоуправа.

„Оваа работна група ќе треба да изнајде решение како ќе се опслужат Општините и граѓаните за време на оваа институционална празнина, информираше неодамна Министерката за локална самоупрва Ширлете Елези.

Според поранешниот член на Државната изборна комисија Александар Новаковски, работните групи не можат да најдат решение за проблемот кој, како што вели, лежи во потребата од деблокирање на работата на Парламентот и изгласување на измени на член од изборниот законик, каде што е фиксиран датумот за избори.Новаковски вели дека ситацијата е комплицирана затоа што ова се редовни, а не вонредни избори и тука не можности за одржување по скратени рокови.

„Без измена на тој член од послендите измени на изборниот Законик, не може да се реши проблемот со локалните избори.Таму пишува дека треба да се одржат на 14 мај и затоа е неоходно да се покрене инцијатива за измена на законот, до Собранието која ќе се рагледа и потоа изгласа од пратениците“, појаснува Новаковски.

Во меѓувреме, градоначалниците на општините од Источна Македонија поднесоа петиција преку која бараат Заедницата на единиците на локална самоуправа да покрене измена на Изборниот законик за да се поместат локалните избори.Тие наведуваат дека доколку не се донесат овие измени, ќе имаат проблеми да ги опслужуваат граѓаните, да упрвуваат со блок дотациите,а во прашање ќе биде добедена и платата на општинската администрација.

Како што е предвидено со Уставот Собранието со 2/3 од гласовите може да изврши измена на Изборниот законик и со тоа се одложи датумот на одржувањето на локалните избори.Оваа само по себе значи дека оваа одлука треба да се решава со консензус на сите политички партии во Парламентот.

Инаку, мандатот на градоначалниците и општинските совети истекува на 15 мај. Последните случувања во Собранието го блокира процесот за одржување на локалните избори, кои според предвидениот рок требаше да бидат објавени во месец март, а да се одржат најдоцна до втората половина на мај.Последните локални избори за Градоначалници, Совети на Општините и Град Скопје се одржаа на 24 март и 7 април 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП