18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧавушоглу: Турција може да ја прекине спогодбата со ЕУ за мигрантите

Чавушоглу: Турција може да ја прекине спогодбата со ЕУ за мигрантите

Турција може да ги ревидира или целосно да ги прекине сите договори во рамки на спогодбата со Европската унија за мигрантите, доколку нема напредок во визната либерализација, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Тој нагласи дека спогодбата за мигрантите и визната либерализација се пакет и додаде дека право на Турција е да ја преразгледа или да ја прекине спогодбата, доколку некои елементи не се исполнети.

Турскиот шеф на дипломатијата истакна дека Турција сега нема проблеми со Русија и може да ја зајакне соработката со Москва за примирје и политичко решение на кризата во Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП