3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбуки за „Лична асистенција за живот, работа и радост“

Обуки за „Лична асистенција за живот, работа и радост“

Како дел од проектот „Унапредување на услугите за социјална вклученост“, финансиран од ИПА програмата на Европската Унија, во среда и четврток Скопје се одржува обука „Лична асистенција за живот, работа и радост“, за сите учесници во процесот на пилотирање на услугата лична асистенција која се одвива во склоп втората компонента од проектот Воведување услуги за лична асистенција за луѓето со инвалидитет.

Целта на обуките е да се претстави концептот на лична асистенција на лицата со попреченост, да се прикажат моделите и начините на функционирање на овој концепт, да се промовираат бенефитите како за лицата со попреченост, така и за општеството како целина.

Оваа обука во Скопје е една од серијата обуки кои се случуваат на национално ниво. На обуките учествуваат различни актери вклучени во процесот на обезбедување на лична асистенција, како лица со телесна попреченост, лични асистенти, претставници од Агенцијата за вработување, како и претставници на локалната самоуправа, центрите за социјална работа, претставници на работодавачите и граѓанските организации кои работат со оваа група на граѓани.

Обуката за лична асистенција во Скопје се одржува со учество на претставници и членови на здружението Мобилностод Скопје и Куманово, лични асистенти, претставници од Центарот за социјална работа од Скопје и Куманово, Агенцијата за вработување од овие два града како и претставници на локалните самоуправи, а најавено е и присуство на работодавачи.

Досега успешно се одржаа и завршија обуките во Струмица, Битола, Охрид и Велес, во кои свое учество земаа околу 120 лица, претставници на различните актери вклучени во процесот.

Според искуството од досегашните обуки, очекуваме исто така учесниците од Скопјеи Кумановода ги споделат своите размислувања и искуства во однос наприлагодување на средината кон нивните потреби, потребата од лична асистенција, како иочекувањата од обуката и услугата лична асистенција, како еден од начините за обезбедување на поголема социјална инклузија, како и подобрување на секојдневното живеење и на квалитетот на животот воопшто.

Токму овие аспекти досега и најмногу беа истакнати како потреба досега од страна на лицата со попреченост – можноста за нивна поголема и поактивна вклученост во секојдневното живеење и во заедницата, вклучително и во работниот процес, како преку услугата лична асистенција, така и преку отворањето на можности за нивно вработување.

Преку понудените обуки претставниците од претходно наведените целни групи ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини за личната асистенција, како значајна услуга за лицата со попреченост, и за можностите за нејзино имплементирање и пилотирање. Обуката нуди можност за добивање целосна и јасна слика за личната асистенција и за вклученоста, одговорностите и задачите на сите засегнати актери. Дополнително, обуката делува во насока и на зајакнување на капацитетите на лицата со попреченост, во контекстот на социјалниот модел на третирање на попреченоста и во духот на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

По завршувањето на обуките започнува и пилотирањето на концептот на лична асистенција, кое е планирано да трае во период од два месеца и кое треба да даде поцелосна слика не само за бенефитите од личната асистенција за лицата со попреченост и за општеството, туку и да препорача модели кои функционираат во локален контекст. Главен корисник на проектот е Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП