5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележан Денот на командата за обуки и доктрини

Одбележан Денот на командата за обуки и доктрини

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во четвртокот во Велес се одржа свеченост по повод денот на Командата за обука и доктрини (КОД).

Со одлука на претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, 15-ти април е одреден, како ден на Командата за обука и доктрини. Тоа е датумот кога во 1992-ра година пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија на отслужување воен рок во самостојна и независна Република Македонија.

По тој повод во годината кога АРМ го одбележува јубилејот 25 години од нејзиното формирање, на свеченоста присуствуваше и првиот регрут Панче Јамандиев. За таа пригода, началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски му врачи „Златна значка на АРМ за партнерство, координација и соработка“.

Денот на единицата согласно правилото за воен протокол се одбележа со пригодна програма на која имаше обраќање од страна на командантот, полковник Љубенчо Петровски, кој нагласи дека преку сите центри и капацитети за обука, КОД придонесува за развојот и одржувањето на борбената готовност на армијата.

На свеченоста се прочитаа наредби за унапредување, се доделија стимулативни мерки, се доделија благодарници на надворешни соработници и беше прогласена најдобрата екипа за одржаните спортски активности кои претходеа на одбележување на денот. Крајот на оваа свеченост се одбележа со кратка културно уметничка програма.

На свеченоста покрај началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски присуствуваа генералите од АРМ, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти и пензионирани старешини од составот на КОД, претставници од надворешните соработници, како и високи гости од локалната самоуправа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП