28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСудството ќе добие денеска плата, но без додатокот од 10 отсто

Судството ќе добие денеска плата, но без додатокот од 10 отсто

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски негираше за Макфакс дека судиите и судската администрација ќе останат без плата за Велигденските празници, но потврдува дека овој месец ќе треба да се простат од ветените 10 отсто зголемување на надоместокот.

„Мартовската плата ќе легне на сметките денес до 16 часот, ако веќе не е прокнижена. За жал,исплатата на додатокот од 10 отсто е одложена, поради технички причини со Министерството за финансии“, уверува првиот човек на Судскиот совет.

Караџовски не сакаше да објасни, за какви технички проблеми станува збор, но потенцираше дека не е во прашање недостаток на пари.Сепак, тој не можеше да одговори дали „резервираните средства“ ќе бидат пренесени за идниот месец, а со тоа и процентот на зголемување дали ќе биде поголем.

„Не можам да дадам конкретен одговор и како што изјавив неколку пати, секој месец ќе се прави анализа за состојбата на судскиот буџет и доколку има пари, ќе се донесе одлука за зголемување на надоместокот и за висината на процентот“, додаде Караџовски.

Синдикатот на УПОЗ денес реагираше на „неодговорниот однос на претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, поради чие неодговорно однесување и политиканство, вработените во судовите не само што не го добија ветеното зголемување од десет отсто, туку ги остави и без плата пред најголемиот христијански празник, Велигден“, напишаа синдикалците во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП