12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens и Bombardier наскоро ќе се спојат во една компанија

Siemens и Bombardier наскоро ќе се спојат во една компанија

Германски „Siemens“ и канадски „Bombardier“ се во сериозна фаза на преговори за спојување на производството на железнички возила со што ќе настане вториот во свет светски производител на возови.

Како што тврдат извор за „Reuters“, спојувањето на железничките операции на двете компании ќе ја засили нивната позиција наспроти водечкиот производител, кинескиот „CRRC“. За моќта на кинеската компанија која настана со здружување на два тамошни производители пред две години, доволно говори подотокот за вкупните продажни приходи на споените „Siemens“ и „Bombardier“ oд 16 милијарди долари, се дури половина од приходите на „CRRC“.

Според медиумските извештаи, разговорите меѓу германската и канадската компанија започнале во почетокот на оваа година. Меѓутоа, ова не е прв пат да се роди идејата за поврзување на „Siemens“ и „Bombardier“. Имено, ова е веќе трет обид двата производители да се здружат во последните неколку години. Кон тоа, поминаа и обидите за консолидација вклучувајќи ја и француската „Alstom“, која сега останува надвор од консолидацискиот бран.

Медиумските натписи ги „лансираа“ акциите на „Siemens“ за речиси рекордни 130 евра, а оние на „Bombardier“ се зголемија за седум проценти. Двете компании одбиваат да ги коментираат медиумските натписи. Позитивна стана на ова соединување е потенцијалната заштеда на трошоци при работењето, што ќе биде подобар одговор на растечката конкуренција на светскиот пазар.

Од друга страна, покрај позитивна реакција на берзата, аналитичарите предупредуваат дека евентуална официјална најава ќе предизвика доста внимание регулаторите на конкуренцијата. Еден канадски аналитичар кој сакаше да остане анонимен, истакнува дека малку е веројатно семејството „Bombardier“ ќе се согласи да ги продаде акциите на Германците и така да ја загубат контролата над компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП