6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЈапонија го најавува најмоќниот суперкомпјутер

Јапонија го најавува најмоќниот суперкомпјутер

Fujitsu-Launches-PRIMEHPC-FX10-Supercomputer

Јапонската влада одлучи да го создаде најбрзиот суперкомпјутер во светот кој ќе биде околу 100 пати помоќен од денешните машини од овој тип. Производството се очекува да започне во 2014-та година, а новиот суперкомпјутер треба да започне да функционира во 2020-та година.

За неговото создавање ќе бидат одвоени околу 100 милијарди јени или нешто над 1 милијарда долари.

Во 2011-та година во Јапонија влезе во употреба суперкомпјутер наречен „Кеј“ кој компанијата „Фуџицу“ го создаде заедно со научници од државниот институт Рикен. Продуктивноста му е 15.1 петафлопа, а за неговото создавање беа потрошени 112 милијарди јени (1.42 милијарди долари).

Сепак во 2012-та година „Кеј“ беше симнат од првото место од американскиот суперкомпјутер „Секвоја“ со перформанси од 16.3 петафлопа.

Потоа првата позиција ја зазеде суперкомпјутер „Титан“ кој се наоѓа во националната лабораторија Оук Риџ во Тенеси, САД. Продуктивноста му е 17.59 петафлопа.

Сега во Јапонија, чиј суперкомпјутер остана на третата позиција, се надева дека ќе се вратат на лидерската позиција со новиот суперкомпјутер.

Новата машина, која најверојатно ќе биде создадена исто така од „Фуџицу“, ќе се користи за решавање на широк спектар на задачи – од развојот на лекови и методи на лекување до прогнозирање на елементарни непогоди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП