21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа проектирање на првата Катна гаража во Охрид се потребни 100.000 евра

За проектирање на првата Катна гаража во Охрид се потребни 100.000 евра

На Бирото за јавни набавки, државната компанија АД Електрани на Македонија, пред два дена објави оглас за прибирање понуди за проект и ревизија на првата катна гаража во Охрид. Проценетата вредност на услугата е 6 милиони и 365 илјади денари без ДДВ, или околу 103 илјади евра. Критериум за доделување на договорот е најниската цена. Од АД ЕЛЕМ за Макфакс тврдат дека изградбата на објектот оди според планот.

Проектот опфаќа архитектонски услуги, инженерски услуги, услуги за просторно планирање и за уредување на земјиштето, научни и технички советодавни услуги, технички испитувања и анализа.

Објектот што ќе го гради ЕЛЕМ ќе се простира на површина од 4.500 метри квадратни и треба да почне да се гради во текот на 2017 година. Во конкуренција на пет архитектонски дела пристигнати на Конкурсот за најдобро идејно решение, првата награда ја доби Ивана Ралевиќ.

Објектот е планирано да се гради кај Центарот за култура во строгиот центар на градот. Информацијата за овој инфраструктурен објект ја објави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески на почетокот од февруари 2016 година.

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор предвидено е да гради и втора катна гаража во овој град кај спортскиот центар „Билјанини Извори“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП