29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот на жените: Сопруга, мајка и финансиски советник

Светот на жените: Сопруга, мајка и финансиски советник

Многумина веруваат дека жените и штедењете не одат заедно, а светот на финансиите и инвестициите го владеат целосно мажите. Токму затоа, овој пат се одлучив да проговорам за парите од една поинаква перспектива – од моја, односно женска перспектива.

Свесни сте дека жените премногу често се занемаруваат себеси, малку вложуваат во својата наобразба, дури и се откажуваат од многу работи. Ние никогаш не сме на прво место. Пред нас се децата, партнерот, родителите… Всушност, знаете како оди тоа во пракса. Треба да купам нова облека за детето, затоа што расте толку брзо, па ништо не му се фаќа, да видам што фали за дома, на маж ми му требала нова кошула…

Кога конечно јас ќе ги поставувам приоритетите? 

За наша несреќа, во поглед на работните ангажмани сме нерамноправни со мажите. За исти работни позиции, често сме помалку наградени, потешко напредуваме во кариерата, а имаме и поголеми обврски околу усогласувањето на деловниот со приватниот живот. Дури и во поглед на примањата да ни се овозможени подеднакви привилегии со машките колеги, секогаш малку каскаме зад нив. Зошто е тоа така? Одговорот лежи во улогата која жената ја има во општеството. Жените имаат пократок работен век, бидејќи од нас во голема мера се очекува да бидеме столбот на семејството кој се грижи како за децата, така и за повозрасните членови. Иако во училиште сме со подобри оценки од машките, често се одлучуваме за послабо платени професии, за сметка на помалку работни обврски или пократко работно време, за да можеме повеќе да му се посветиме на семејството. Исто така, многу помалку сме подготвени да ги преговараме нашите бенефиции на работното место. Поради тоа, во текот на работниот век, просечно заработуваме помалку од нашите машки колеги.

Но, не за сѐ е виновно општеството и „машката доминација“. За некои работи да се променат, должни сме да преземеме и сопствена иницијатива. На пример, кога станува збор за штедење или вложување, грижата околу овие прашања најчесто му ја препуштаме на својот партнер, кој во име на семејството ги носи важните одлуки околу „менаџирањето“ на парите. Ви звучи познато?

Генералниот недостаток на доверба, во однос на  способноста на жените за управување со парите, нѐ води до стереотипи, според кои ние многу малку учествуваме при одлучувањето за важни прашања околу финансиската стабилност на семејството, како што е на пример вложувањето за идното образование на децата.  Се разбира, жената може доброволно да се определи да биде единствено мајка и домаќинка и тоа само по себе не значи дека е лоша одлука. Меѓутоа, мораме да сме свесни како овие одлуки влијаат на влогот во нашата иднина. За нив треба се размислува уште денес.

Драги мои дами, без оглед во кои семејни активности ќе одлучите да сте вклучени, запомнете дека е навистина важно да партиципирате и при носењето на финансиските одлуки. Разговарајте редовно со Вашиот партнер во врска со парите, дајте му до знаење дека имате претстава за состојбата на домашниот буџет и бидете дел од процесот на негова соодветна распределба. За негрижата околу просперитетот на децата и семејството во денешно време нема простор за изговори. Многу е битно постојано да се учи, да се стекнуваат нови вештини, да се зголемуваат можностите за подобра заработка. Дополнителен приход можете да заработувате и во слободното време, а можности се отвораат на секој чекор. Треба само малку поголема заинтересираност. На пример, ние како институција која се залага за подигнување на свеста во однос на управувањето со личните финансии сме постојано отворени за нови проактивни соработнички.

„Финансиската независност носи многу предности, а животните цели се постигнуваат со постепено и долгорочно вложување“.

Помислете на темава, распрашајте се наоколу… Како дел од тимот на финансиски советници, Ви стојам на располагање да Ви ги откријам малите „женски тајни“ за подготовка на планот и успешно зачекорување во светот на финансиите. Ве очекувам на кафе и „трач муабет“ на тема детско штедење.

 
Елена Михајловска, Организациска единица за позадински работи во врска со тргувањето на портфолиото

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП