4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција се пресмета: Полошо е отколку што мислеше

Франција се пресмета: Полошо е отколку што мислеше

Јавните финансии на Франција во наредните години ќе бидат во поголем дефицит отколку што тоа првично се очекуваше, поради бавниот раст и зголемувањето на јавната потрошувачка.

Тоа го соопшти француското Министерство за финансии, кое наведува дека од таа причина ги ревидирало проекциите на буџетскиот дефицит за 2017, 2018 и 2019 година, очекувајќи во оваа година дефицит од 2,8 проценти од БДП, наместо претходно проектираните 2,7 проценти од БДП, пренесува агенцијата Франс прес.

За 2018 година, сега се предвидува дефицит од 2,3 проценти, а за 2019 дефицит од 1,6 проценти, наместо претходно проектираните 1,9 проценти и 1,2 проценти, респективно.

Според прописите на Европската унија, членките на еврозоната не би смееле да имаат дефицит кој надминува 3,0 проценти од БДП.

Владата во Париз се надеваше дека побрзо ќе го намали својот буџетски дефицит и дека до 2020 година тој ќе падне на 1,3 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит на Франција веќе со години ја надминува границата од 3,0 проценти од БДП, а минатата година изнесуваше 3,4 проценти.

„Сепак, дефицитот ќе падне под 3,0 проценти од БДП, што ќе и овозможи на Франција да излезе од состојбата на прекумерен дефицит во која е од 2009 година“. порачаа од Министерството.

Благото влошување на состојбата на француските јавни финансии е последица на помал од очекуваниот економски раст од 1,1 проценти во минатата година, наместо проектираните 1,5 проценти, како и зголемувањето на владината потрошувачка поврзана со измените на законот за исплата на надоместок за неврбаотените, објаснува Министерството.

Економскиот раст, како што е соопштено, оваа година ќе изнесува 1,5 проценти како што и претходно беше прогнозирано, додека проекциите за 2018 и 2019 година се намалени за 1,5 и 1,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП