24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во бизнис имот во Централна и Источна Европа гонат нов рекорд

Инвестициите во бизнис имот во Централна и Источна Европа гонат нов рекорд

Инвестициите во бизнис имот во Централна, Источна и Југоисточна Европа се очекува оваа година да достигнат нов рекорд, прогнозираат консултантските компании „Colliers International“ и „CMS“.

Изворите на капитал за вложувања во секторот на недвижностите во регионот, во кој влегуваат 6 држави –  Чешка, Унгарија, Полска, Словачка, Бугарија и Романија, исто така се очекува да останат исклучително разновидни, а преовладуваат локални и азиски средства, дополнуваат експертите.

Прелиминарните проценки за првиот квартал од оваа година покажуваат дека обемот на инвестициите достигнува 2,3 милијарди евра на шесте пазари, што е соодветно со 41% и 45% повеќе во однос на волумените, остварени во првите три месеци од 2016-та и 2015-та година.

Чешка привлекла најголем удел од инвестициите – речиси две третини, покажуваат прелиминарните податоци.

Западноевропските инвеститори продолжуваат да се водечка група пазарни играчи во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Уделот на западноевропскиот капитал сепак се намалува до 22% од вкупниот обем на капиталот поради активирањето на јужноафриканските (20% од обемот на инвестициите) и азиските (16%) инвеститори.

Барем засега негативните ефекти од „Brexit“ врз пазарот на недвижности во регионот се занемарливи. Не се забележани знаци дека британските компании со планови за инвестиции ќе се откажат поради заминувањето од Европската унија (ЕУ).

„Brexit“ дури се очекува да има позитивен ефект врз инвестициите во имот во Централна, Источна и Југоисточна Европа поради евентуалното преместување на некои компании со седиште во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП