18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНекои од клиентите на HSBC веќе сакаат нивниот бизнис да се пренасочува...

Некои од клиентите на HSBC веќе сакаат нивниот бизнис да се пренасочува кон Европа

Британската банка „HSBC“ рече дека некои од нејзините најголеми клиенти веќе побарале бизнисите да бидат пренасочени кон нејзините канцеларии на континентална Европа наместо да почекаат да видат каков ќе е договорот околу „Brexit“ меѓу Велика Британија и Европската унија, пишува „Bloomberg“.

„Мал број од нашите поголеми клиенти сакаат да регистрираат поголем дел од трговската и монетарната дејност во француски операции преку нашата канцеларија во Париз, а не како британски“, вели Ноел Квин, шеф на глобалното трговско банкарство. Извршните директори на мултинационалните компании „прават планови за да се осигураат дека можат да продолжат да тргуваат, без разлика каков е резултатот. Тие не можат да си дозволат да ја чекаат одлуката што може да се појави дури по 2 години“.

Глобалните банки почнаа да организираат преместувањето на дел од британските операции кон нови или проширени канцеларии во ЕУ, откако британскиот премиер Тереза ​​Меј започна преговорите за излез од блокот. Во приватни разговори многу извршни директори од најголемите компании во светот велат дека очекуваат „хард Brexit“ – загуба на нивното право да продаваат услуги слободно во регионот од Велика Британија. Тоа значи дека тие ќе треба да ги активираат своите планови за вонредни ситуации пред крајот на двегодишниот период.

Квин, кој е дел од извршниот одбор на најголемата европска банка „HSBC“ од декември 2015-та година, вели дека некои компании прават проценка и на тоа дали да ги пренасочат своите регионални централи кон европски градови од Велика Британија. Ова ќе бара од нив повторно рангирање на британскиот огранок како локална канцеларија, кој ќе стане подружница на континенталната централа, објаснува тој.

Ова може да доведе до мали по големина поместувања на работни позиции и даночни загуби за британската влада, бидејќи компаниите почнуваат да реазлизираат купување и дистрибуција на услуги на друго место.

„На поголемите компании кои веќе имаат паневропско присуство ќе им е полесно да започнат план Б, отколку на помалите“, вели Квин. „Тие не губат верба во Велика Британија, но реалноста е дека компаниите, а дури и одделни поединци, сами ќе почнат да донесуваат одлуки пред да се појави одговорот од процесот околу „Brexit““.

Главниот извршен директор на „HSBC“, Стјуарт Гуливер изјави дека до 1000 трејдери и трговци од „HSBC“ кои генерираат околу 20% од приходите на инвестициската банка, ќе се преселат од Лондон во Париз, откако премиерот Меј потврди дека Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар. Дел од француските службеници веќе побарале да бидат вратени дома, велат запознаени извори. Во февруари 2016-та година банката одлучила да го задржи своето седиште во Лондон, наместо да се пресели во Азија или Франција по одржувањето на едногодишниот преглед.

Квин истакнува дека компаниите се поддржани со повисоки парични нивоа од референдумот на 23-ти јуни, па наваму.

„Количеството кеш што го имаат во нивните банкарски сметки, прогресивно се зголемува“, вели Квин во интервјуто. „Причината за тоа може да е дека британските компании тргуваат многу добро по „Brexit“ поради депресијацијата на фунтата или може да биде зачувување на пари во предвид несигурниот економски хоризонт, или пак одложување на инвестициската активност“.

Трговската поделба забележа раст од 12% на приспособениот профит пред даноците до 6,1 милијарди долари во минатата година, што беше најголемата сума меѓу четирите единици на „HSBC“ и формира околу една третина од вкупната добивка на групата, покажуваат поднесените документи на компанијата. Велика Британија придонела со 1,8 милијарди долари за профитот пред даноците наспроти 2,9 милијарди долари од азискиот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП