21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија ќе го намали буџетскиот дефицит за 3,4 милијарди евра

Италија ќе го намали буџетскиот дефицит за 3,4 милијарди евра

Со долгови оптоварената италијанска влада го одобри пакетот мерки со економски реформи креирани за намалување на буџетскиот дефицит за 3,4 милијарди евра оваа година.

Тоа го изјави премиерот Паоло Џентилони.

Реформскиот пакет, кој вклучува мерки за борба против затајувањето на данок и намалување на јавната потрошувачка, но не и зголмување на данокот, ублажување на износот на италијанскиот буџетски дефицит за 0,2 процентни поени, изјави Џентилони по седницата на владата, јавува агенцијата Франс прес.

Рим исто така ја зголеми прогнозата за економскиот раст на земјата за оваа година на 1,1 проценти, од претходно проектираните 1,0 проценти, по минатогодишниот раст од 0,9 проценти.

Европската комисија на средината на јануари упати писмо до Рим барајќи да го ревидира својот буџетски план за 2017 година и да го скрати за 3,4 милијарди евра (3,6 милијарди долари), со упатување на закана од казнени мерки.

Со италијанскиот буџет за 2017 година, кој е усвоен минатата есен, беше предвиден дефицит во државната каса во еквивалент од 2,3 проценти од бруто домашниот производ (БДП), што е значително повеќе од 1,8 проценти колку што првично бараше Брисел.

„Уделот на дефицитот во БДП ќе биде намален на 2,1 проценти во оваа година“, вети Џентилони, додавајќи дека прогнозите на владата се внимателни и дека „во последните неколку години често се случувало тие дополнително да бидат ревидирани во позитивна смисла“.

Италија има втор најголем јавен долг меѓу земјите на ЕУ, кој лани изнесуваше 133 проценти од нејзиниот БДП, и е една од осумте земји на еврозоната кои Брисел ги предупреди минатиот ноември дека би можеле да се соочат со казна и ограничување на пристапот до средствата од фондовите на ЕУ, поради непридржување до правилата од Пактот за стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП