2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите од даноци во грчката каса се повисоки од очекуваните

Приходите од даноци во грчката каса се повисоки од очекуваните

Повеќе од очекуваните се приходите од даноците во грчката каса, станува јасно од зборовите на шефот на даночната служба Јоргос Пицилис, цитирани од весникот „Катимерини“.

Во првото тримесечје приходите од даноци се за 8,3% повеќе од прогнозите и достигнуваат 6,9 милијарди евра. Само во март во благајната влегле 1,87 милијарди евра даночни приходи, при очекуваните 1,5 милијарди евра.

„Овој раст се должи на напорите на властите, но и на посветеноста на даночните обврзници“, смета Пицилис.

Борбата против даночното затајување е една од најпосакуваните реформи од кредиторите на Грција. Во исполнувањето на обврските од спасувачката програма владата на СИРИЗА со започна различни мерки за намалување на даночните измами.

Една од нив е онлајн систем кој автоматски ги детектира податоци од различни регистри и поднесените даночни пријави. Само за неколку дена на тој начин беа утврдени 70.000 случаи на несовпаѓање на податоците за приходите и записите во даночните декларации.

Грците ги поднесуваат своите даночни пријави до 30-ти јуни, а првите плаќања треба да бидат извршени до 31-ви јули. Даноците на поединци можат да бидат платени на три пати – вториот рок истекува на крајот на септември, а третиот на крајот на ноември.

Бизнисите може да ги плаќа своите даноци на шест рати.

Во последниве месеци Атина ги зголеми даноците – на доход, ДДВ, социјално осигурување, како и акцизите на горивата, кафето и друго, со цел да си обезбеди повеќе приходи во државната каса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП