ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот надвор од градските средини умерен

Сообраќајот надвор од градските средини умерен

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Маврово – Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост поради асфалтирање до четврток сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 13:00 до 17:00 часот.

Поради градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип, се планира пренасочување на сообраќај на делница клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми по новоизградената коловозна лента.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП