2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намалува населението во Бугарија, до 2020 бројот на жители под 7...

Се намалува населението во Бугарија, до 2020 бројот на жители под 7 милиони

Населението во Бугарија продолжува да се намалува и да старее, при што темпото на овие негативни трендови се забрзува последните години. Лани Бугарија изгубила речиси 52.000 жители, и според официјалната статистика сега во неа живеат 7.101.859 луѓе.

Ова го покажуваат демографските податоци за минатата година, објавени од Националниот институт за статистика. Најдоцна во 2020 година Бугарите официјално ќе бидат под 7 милиони, нешто што не се случило ни во годините по Втората светска војна.

Другиот демографски тренд е стареењето, така што речиси 21 отсто од Бугарите се на возраст над 65 години и нивниот удел се зголемува секоја година. Дебалансо во популацијата исто така е загрижувачки бидејќи од 2015 година Бугарија има само шест градови со над 100 илјади жители. Без ниту еден жител од лани се 157 населени места, а во 22 отсто од сите населени места во земјата живеат меѓу 1 и 49 лица.

Затоа пак расте трендот на децата родени во семејства без брак – речиси 59 отсто од нив се родени во такви семејства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП