3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО очекува светската трговија да порасне за само 2,4% во 2017-та

СТО очекува светската трговија да порасне за само 2,4% во 2017-та

Светската трговија најверојатно ќе се зголеми со скромни 2,4 проценти во 2017-та година, малку од политичката несигурност, покажуваат априлските проекции на Светската трговска организација (СТО), цитирани од Ројтерс.

Опсегот на растот догодина е преиспитан до меѓу 1,8 и 3,6 отсто во однос на објавените во септември 1,8-3,1 отсто.

„СТО“ ја истакнува опасноста дека трговската активност ќе биде потисната поради недостатокот на јасност на владините политики.

„Треба да гледаме на трговијата како дел од решението на економските тешкотии, а не како дел од проблемот“, истакна генералниот директор на организацијата Роберту Азеведу, цитиран од агенциите. Според него светот треба да продолжи да се противи на подигнување на нови бариери за трговијата.

Во 2016-та година светската трговија се зголеми за 1,3 проценти – најбавното темпо од финансиската криза. Во 2018-та година се очекува светската трговија да забележа раст меѓу 2,1 и 4 отсто според последната анализа на „СТО“.

„Порастот на инфлацијата, предизвикува зголемување на каматите, затегнување на финансиските политики и воведување на мерките за намалување на економијата можат да го поткопаат постигнувањето на силен економски раст во следните две години“, предупреди Азеведу.

Тој додаде дека ако политичарите се обидат да спречат губење на работни места во своите земјите, да се наметнуваат сурови ограничувања на увозот, трговијата нема да може да помогне за стимулирање на растот и дури може да стави кочница на економскиот подем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП