ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијански компании сакаат да инвестираат во производство на мермер во Прилеп

Италијански компании сакаат да инвестираат во производство на мермер во Прилеп

Неколку италијански компании се заинтересирани за инвестиции во производството на мермер во Македонија, а особено во Прилеп.

Во вторникот во Скопје се одржала првата средба помеѓу македонски и италијански компании кои се занимаваат со производство и изработка на производи од мермер, како и машини за обработка на минералните суровини, а токму по тој повод во среда амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео, ја посети Општина Прилеп и оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески.

„Посетата е пред сè запознавање на неколку италијански фирми со условите и можностите кои ги има Македонија и Прилеп во изработка и производство на мермер“, рече Карло Ромео, амбасадорот на Италија во Македонија.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, истакна дека освен за производството на мермер на оваа средба било разговарано и за поголема соработка помеѓу Прилеп и Италија на повеќе полиња.

„Оваа посета на бизнисмените од Италија кои се занимаваат со производство на машини за обработка на мермер и други минерални суровини е од голема важност со цел за подобрување на ефикасноста на самото производство на „Мермерниот комбинат“ и другите компании кои обработуваат минерални суровини“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Беше истакнато и тоа дека за поголема соработка и меѓусебно запознавање било разговарало во блиска иднина во Прилеп да се организира една манифестација на која би се служеле италијански специјалитети, италијанско вино, би имало италијанска музика и би се презентирале италијански филмови, а исто така библиотеката во Прилеп би се збогатила со италијанска литература.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП