13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатите на Британците растат со најбавно темпо од 2014-та

Платите на Британците растат со најбавно темпо од 2014-та

Стандардот на живот на Британците е под најголем притисок од две и пол години, платите, прилагодени спрема инфлацијата, растат со само 0,1% во трите месеци до крајот на февруари. Ова е најниска вредност од третиот квартал на 2014-та година, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на податоците од Националната статистичка служба.

Во номинални услови растот на платите се забавува до 2,2% на годишна основа, што е 7-месечно дно.

Комбинацијата од инфлација, предизвикана од слабата фунта, и слабиот раст на платите ја стеснува куповната моќ на потрошувачите, кои се всушност моторот на британската економија.

„Bloomberg“ потсетува дека податоци од минатата недела покажаа дека продажбата на мало се намалила во првиот квартал со остара стапка од шест години.

Англиската централна банка (ВоЕ) прогнозира дека инфлацијата во Велика Британија ќе се забрза до 3% на крајот на годината, што значи дека платите на повеќето Британци ќе се намалат.

Во февруари платите се намалија за 0,4 отсто и тоа беше првиот месец со пад на овој показател од август 2014-та година.

Податоците на британската статистика покажуваат дека невработеноста останува без промена на ниво од 4,7%, што е најниска вредност од 2005-та година.

„Bloomberg“ коментира дека оваа вредност може да достигне до 5,1% уште следната година, бидејќи преговорите за „Brexit“ ќе влијаат на трошоците и инвестициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП