19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро ќе бидат објавени плановите за новиот тунел под реката Темза

Наскоро ќе бидат објавени плановите за новиот тунел под реката Темза

Британската влада ќе објави каде ќе се гради новиот тунел под реката Темза, пишува The Daily Telegraph.

Компанијата Highways England, која е одговорна за управувањето на автомобилските патишта во земјата, во почетокот на 2016-та година објави дека поддржува изградба на тунел под реката Темза, која ќе ги поврзува Грејвсенд, Кент и Тилбери, Есекс.

Од компанијата претходно ја отфрлија можноста за изградба на мост или тунел во близина на постоечкиот „Дартфорд Кросинг“. Министерот за транспорт Крис Грејлинг ќе ги потврди плановите на владата за кои ќе се бара дозвола за градба.

Од Highways England изјавија дека варијантата ќе нуди олеснување на сообраќајот по „Дартфорд Кросинг“ и пократок пат од и до пристаништето во Довер и Евротунелот под Ла Манш.

Се очекува тунелот да чини меѓу 4,3 и 5,9 милијарди фунти, а според пресметките новата врска ќе биде користена од страна на околу 77 илјади автомобили секој ден во првата година од работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП