12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBulgartabac ги продаде брендовите на British American Tobacco

Bulgartabac ги продаде брендовите на British American Tobacco

British American Tobacco (BAT) потпиша во среда договор со компанијата Bulgartabac за купување на водечките тутунски брендови на компанијата и со нив поврзаните права за пазарите на Бугарија, Адрија регионот и Русија, како и 100 отсто од уделот во малопродажбата во Босна и Херцеговина.

По завршувањето на трансакцијата, BAT значително ќе ја зајакне својата позиција во БиХ, посебно во Република Српска.

Фабриката за тутун во Бањалука ќе остане во сопственост на Bulgartabac.

BAT е глобална светска компанија чии брендови се продаваат на повеќе од 200 пазари.

Вработува 50.000 луѓе во целиот свет, а цигарите што ги произведува BAT ги користи секој осми од вкупно милијарда пушачи во светот.

BAT групацијата во 2016 година остварила вкупен приход од 14,8 милијарди фунти, како и добивка од 5,5 милијарди фунти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП