10 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИWalmart најави голем број на откази во САД

Walmart најави голем број на откази во САД

Најголемиот американски трговски синџир Walmart Stores најави дека во април ќе укине поголем број канцелариски работни места во САД, додека истовремено инвестира во подобрување на работењето преку интернет и се враќа на искористување на своите предности од ниски цени во секторот на малопродажба во САД.

Wal-Mart со тоа потврди дека спроведува нов круг на намалување на бројот на работни места, што ќе вклучува стотина позиции во меѓународниот и технолошкиот оддел на компанијата, како и во синџирот складишта Sam Club.

Не е објавена точна бројка за бројот на работни места што ќе бидат укинати.

Wal-Mart со укинување на работни места започна минатата година, кога објави дека укинува 7.000 работни места во заднинските служби, како и тоа дека преместува голем број вработени во продажбата.

На почетокот на годината Wal-Mart укина над 1.000 работни места во канцелариите, во главно во делот на човечки ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП