25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАKорисниците на ВИП ќе можат да плаќаат во автобусите на ЈСП со...

Kорисниците на ВИП ќе можат да плаќаат во автобусите на ЈСП со мобилен телефон

Плаќањето со мобилен телефон за претплатниците од ВИП операторот во автобусите на ЈСП од денеска станува достапно, информираат од ЈСП Скопје.

„Со ова се комплетира можноста на сите граѓани да можат да ги користат услугите на јавното претпријатие, со што се овозможува полесно плаќање на билетите и за оние лица кои не толку често го користат јавниот превоз“, се вели во соопштението.

Оваа услуга ќе може да се користи откако ќе се активира услугата. Поточно, прво се праќа бесплатна СМС порака на бројот 14 11 14, со текст START, со што оваа услуга станува активна. Активацијата се прави еднократно.

Кога веќе претплатничкиот број е веќе активиран, плаќањето се врши само со вртење на бројот 185. Откога ќе се добие сигналот, телефонот се доближува до валидаторот. Плаќањето трае неколку секунди, со што претплатникот добива повратна СМС порака дека плаќањето е успешно. Оваа порака, корисниците на јавниот превоз се должни да ја чуваат до крајот на нивното возење.

Корисниците на броеви од Македонски Телеком веднаш можат да пристапат кон плаќање на билетот во автобус со вртењето на бројот 185

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП