27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРај на земјата: Град во кој платата е 1.200, а киријата 15...

Рај на земјата: Град во кој платата е 1.200, а киријата 15 евра и тоа не е се! (видео)

Мариналеда е град во Андалузија во јужниот дел од Шпанија на површина од 25 километри квадратни со околу 2.700 жители.

Жителите на Мариналеда не се плашат гласно да ги изразат своите политички убедувања. Наместо сјајни реклами и брендови – улична уметност во облик на графити и мурали со пораки за солидарност и подршка за земјите како Куба и Венецуела. Улиците се крстени по славните борци за работничките права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека останатиот дел од Шпанија се бори со домашната олигархија и странските банки кои ја преземаат земјата, одлуките во ова гратче се носат дирекно по демократски пат на неделните состаноци каде обично присуствуваат околу 300 до 400 души. Додека невработеноста во Шпанија е 27 проценти, во Мариналеда речиси сите се вработени.

Постои голем интерес за вселување па поради тоа е воведена и листа за чекање – се чека и до две години. Просечната месечна плата за вработените изнесува околу 1200 евра месечно. Можеби не ви изгледа многу, но кога ќе се земе во предвид цената за кирија која изнесува само 15 евра месечно, јасно е дека со таква плата може сосема пристојно да се живее.

Жителите на овој град имаат и бесплатен интернет пристап. Фасцинантна е и спортската содржина во овој град со едвај 2000 жители – два фудбалски терени, кошаркарски терен, терен за тенис, сквош и одбојка, базен. Сите тие се бесплатни на располагање на жителите. Мариналеда има и своја црква, но учеството во црквените активности е многу слабо.

Во овој град луѓето сами си градат куќи, а еден од нив е и Давид Гонзалес Молина. Откако најмалку две години ги поминал како регистриран граѓанин на Маринеледа, од локалните власти добил материјал потребен за изградбата на куќа, а откако ќе ја изгради ќе започне да плаќа по 15 евра месечно на Владата со цел да се рефундираат трошоците за искористениот материјал.

И секако, бидејќи сите не знаат да градат куќа, власта испраќа професионални мајстори и архитекти за да им помогнат при изградбата. Куќите не можат да се продадат, со што се спречува можноста за профитирање. Еднаш месечно се одржува така наречената “црвена недела“ каде граѓаните можат да ги изнесат своите идеи за тоа како градот да стане уште подобар или поубав. Доколку идејата биде прифатена, волонтерите ја обавуваат таа работа. Градот има и своја сопствена телевизија и радио канали. Полиција овде не постои.

Според шпанскиот закон ние би требало според бројот на жители да имаме од 4 до 7 полицајци. Но ние не ги сакаме овде. Бидејќи овде се се базира на доброволна база, сите заедно се бориме и заедно ги кроиме нашите животи, постои многу висок степен на коегзистенција – објаснува градоначалникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП