24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките кои бегаат од Брегзит итно да аплицираат за нови дозволи

Банките кои бегаат од Брегзит итно да аплицираат за нови дозволи

Банките кои сакаат да го преселат бизнисот од Лондон во други членки на Европската унија поради Бегзит, ќе мораат брзо да аплицираат за добивање на нова дозвола, нагласи ЕЦБ.

ЕЦБ и централните банки во 19те земји-членки на еврозоната барањата за издавање на лиценца ќе ги обработуваат по принципот првенство на прием, а целата постапка, како што е соопштено, ќе трае меѓу шест месеци и со закон пропишаниот рок од година дена, пренесува агенцијата Франс прес.

Британската премиерка Тереза Меј на крајот на март ја покрена двегодишната процедура за излез на Велика Британија од ЕУ, поради што банките во Лондон би можеле да го загубат „паспортинг“ правата за продажба на услуги за клиентите во континенталниот дел на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП