27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов корупциски скандал го „тресе“ Бразил

Нов корупциски скандал го „тресе“ Бразил

Во Бразил изби нов корупциски скандал откако судот нареди истрага во работата на најмалку осум министри во владата и голем број пратеници, кои се сомничат за злоупотреба на државната положба.

На листата осомничени се наоѓа и шефот на кабинет на претседателот Мишел Темер, градоначалникот на Рио де Жанеиро за време на олимписките игри и најмалку четворица поранешни претседатели.

Тие се именувани од страна на вработените на извесна градежна фирма “Одебрехт“, каде според нивните изјави, биле исплаќани 1 милијарда долари во мито. Случајот е дел од тригодишната истрага за корупција на државната нафтена компанија Петробрас. Сите 108 луѓе со име на листата објавена од страна на Врховниот суд се осомничени за вмешаност во голем корупциски скандал – проневера, во која пари од Петробрас се пренасочени во џебовите на политичари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП