10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите компании од САД кријат 1,6 илјади милијарди долари во даночни засолништа

Најголемите компании од САД кријат 1,6 илјади милијарди долари во даночни засолништа

Педесет од најголемите американски компании, меѓу кои „Apple“, „Microsoft“ и „Wal-Mart“, имаат скриено околу 1,6 илјади милијарди долари во офшор даночни засолништа за да си ги намалат даночните обврски во САД, покажува истражувањето на невладината организација „Oxfam“.

Организацијата која се бори против сиромаштијата, објави дека износот во 2015-та година се зголемува со 200 милијарди долари во однос на претходната година. Извештајот се повикува на податоци на самите компании.

Компаниите користат мрежа од 1.751 подружници во земји познати како даночни засолништа, за да ги пренесат своите приходи надвор од САД, посочува „Oxfam“ во извештајот објавен пред состанокот на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон.

„Избегнувањето на даноците стана стандардна деловна практика во целиот свет. Компаниите што избегнуваат плаќање данок, ја измамуваат Америка со околу 135 милијарди долари неплатени даноци секоја година“, коментира виш советник на „Oxfam“, Роби Силверман.

„Apple“ е на врвот на листата со повеќе од 200 милијарди долари во офшор сметки, проследена од фармацевтскиот гигант „Pfizer“ (193,6 милијарди долари) и „Microsoft’s IT group“ (124 милијарди долари).

Законот во САД им овозможува на компаниите да го собираат профитот од странските активности на неодредено време, за да се избегнат корпоративни даноци, кои се меѓу највисоките во индустријализираниот свет во износ од 35%.

За време на предизборната кампања американскиот претседател Доналд Трамп понуди намалување на данокот до 15 отсто, како и можноста компаниите да ги вратат во САД кешовите резерви при еднократно оданочување од 10 отсто.

„Oxfam“ ги критикуваше двата предлози, тврдејќи дека даночното намалување ќе ги фаворизира најпрофитабилните компании и богатите акционери за сметка на важните програми за борба против сиромаштијата.

Според организацијата драстичното намалување на корпоративниот данок може да предизвика „деструктивна трка за пониска стапка“.

„Претседателот Трамп вети дека ќе го поправи политичкиот и економскиот систем, но предлозите за даночна реформа само ќе го зголемат богатството на највлијателните компании за сметка на обичните граѓани и малите бизниси“, коментира Силверман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП