4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеномираната американска компанија NYSK ќе произведува масло од канабис во Македонија

Реномираната американска компанија NYSK ќе произведува масло од канабис во Македонија

Американската компанија NYSK за производство на масло од канабис за медицински потреби отвори фабрика во кругот на поранешната фабрика ОХИС.

Станува збор за нова странска инвестиција во Република Македонија и тоа на реномираната американска компанија NYSK холдинг ДОЕЛ Скопје.

Вкупната инвестиција во период од пет години ќе биде меѓу три до пет милиони долари.

NYSK холдинг веќе инвестирала половина милион евра во реновирање на овој браунфилд објект од 2.000 метри квадратни.

Компанијата веќе вработила 15 лица со полно работно време и со надпросечни примања, со план да вработи 50 до крајот на годината и 200 лица во наредните пет години.

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф во обраќањето пред присутните рече дека гордост му претставува да објави дека зградата во комплексот на ОХИС е целосно реновирана со цел да стане првиот модерен објект со лиценца за медицински канабис во Македонија за одгледување и извоз на масло од медицински канабис во земјите од Европа. ­Само неколку нации во светот имаат законско право да одгледуваат и да извезуваат медицински канабис, а сега Македонија е една од нив и тоа не прави нова дестинација за оваа брзорастечка индустрија, посочи Наумоф.

Основачот на NYSK холдинг, инвестициска групација и извршен партнер Ванчо Толоманоси рече дека канабисот ќе биде медицински спасител за многумина кои се борат со болести како рак или детска епилепсија и се очекува да достигне преку 20 милијарди бруто продажба во ЕУ до 2021 година.

Џон Монтгомери, инвеститор за медицински канабис и експерт во областа истакна дека ќе го испорачаат најквалитетниот медицински канабис на пазарот. ­ Ние ќе го зголемиме бројот на работни места и ќе вработуваме македонски работници. Нашите одгледувачи експерти ќе ги обучат нашите вработени тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП