ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини

Умерен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Градежно друштво „Гранит“ АД Скопје известува дека ги изведува градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе-Штип, поради што од среда од 14 часот се планира пренасочување на сообраќај на делница клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми по новоизградената коловозна лента.

На патниот правец Маврово-Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост поради асфалтирање до четврток сообраќајот ке биде во прекин во двата правци од 13:00 до 17:00часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП