ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција даде 14 аеродроми под концесија на Германци

Грција даде 14 аеродроми под концесија на Германци

Грција префрли 14 регионални аеродроми на германскиот конзорциум „Фрапорт“ на период од 40 години, што е еден од клучните елементи во рамките на програмата за помош на земјата.

Грчката Агенција за приватизација соопшти дека франкфуртскиот конзорциум уплатил 1,23 милијарди евра и дека дополнителниот приход за Грција од четириесетгодишната концесија ќе биде уште околу десет милијарди евра.

Европската комисија ја одобрила оваа спогодба бидејќи таа не подразбира помош на државата, транспарентна е и во согласност со пазарните услови.

Со концесијата се опфатени аеродромите во Солун, Миконос, Санторини, Родос, Крф, Закинтос, Кефалонија, Кос, Лезбос, Скијатос, Самос, Самос, Кавала и Лефкада..

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП