2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија укинува 30.000 работни места

Португалија укинува 30.000 работни места

rabotnimesta1

Португалија планира да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години и да укине околу 30.000 работни места во администрацијата.

Целта е да се заштедат 4,8 милијарди евра во текот на наредните три години.

Во телевизиското обраќање до нацијата, премиерот на Португалија Педро Пасос Коељо, изјави дека овие мерки се неопходни за Португалија да избегне уште еден план за спасување.

Португалија во 2011 година доби 78 милијарди евра за земјата да излезе од криза поради високите трошоци, големите долгови и слабиот економски раст, со што таа се најде пред банкрот, потсетува агенцијата АП.

Многу граѓани од оваа земја за рецесијата ги обвинуваат владините мерки за штедење и зголемувањето на даноците веќе трета година по ред.

Стапката на невработеност во Португалија изнесува 17,5 проценти, а владата предвидува дека таа наредната година ќе изнесува 18,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП