6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Мачорот во чизми“ премиерно на сцената на Театарот за деца и младинци

„Мачорот во чизми“ премиерно на сцената на Театарот за деца и младинци

Можеби најраспространетата бајка во светот „Мачорот во чизми“ од Шарл Перо, утревечер ќе биде премиерно изведена на сцената на Театарот за деца и младинци, во режија на Игор Ивковиќ и драматизација на Горјан Милошевски. Ќе играат осум актери од театарот, а ангажиран е и познат магионичар.

Во сижето за претставата стои „Неуморниот патник, бистриот и брлив мачор Макс, почнува нова животна авантура. Во моментот кога неговиот газда, стариот воденичар, го напушта овој свет, тој една вечер сосема случајно ќе ги спаси волшебните чизми Енесија и Акајсија од мрачната пештера на злобниот вештер Ужвекс. Ѕверот волшебник поради тоа почнува да го уништува кралството. Без чизмите ја губи волшебната моќ. Со помош на неговиот помошник, Кенгурот Џексон, кој игра оди и пее како поп иконата Мајкл Џексон, прават пакосен план со цел да си ги врати чизмите. Мачорот Макс останува да живее со Каспер, најмладиот син на воденичарот. Макс му ветува дека ќе го ожени за принцезата Сесилија во знак на благодарност што од целиот имот на татко му тој го избрал него. Ѕверот Ужвекс дознава за нивната цел и тој со Џексон ја граба принцезата Сесилија со цел да го намами Макс да дојде во неговата пештера со чизмите за да може да си ги задржи за себе. Низ бројни комични ситуации, Макс, херојски го надмудрува злобниот Ужвекс и со помош на магионичарски трикови и илузии ја спасува принцезата Сесилија.

Ова е приказна која ги глорифицира херојството, пожртвуваноста и пријателството, а ги иронизира и исмејува злобата и пакоста. Претставата е своевидно магионичарско илуминативно шоу во кое, како ретко каде, магионичарските трикови се во функција на создавање уште едно добро дело“.

Во претставата играат Мартин Јорданоски, Марија Ѓорѓијовска Емра Куртишова Мики Анчевски, Ана Левајковиќ Бошков, Ненад Митевски, Винета Дамческа Мојаноска, Владимир Лазовски. Сценографијата и костимите се на Маре Трајковска-Стефаноска а оргинални користени костими од костимографот Лира Грабул :Наметка – Волшебникот Ужвекс (од претстставата „Сказна за Царот и Овчарот“), костим-Старата жена (од претставата „Беше еднаш на дивиот Запад“)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП