3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот Скопје со субвенции ќе ги поттикнува граѓаните да купуваат велосипеди

Градот Скопје со субвенции ќе ги поттикнува граѓаните да купуваат велосипеди

Преку субвенции Градот Скопје ќе ги поттикнува граѓаните да купуваат велосипеди. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице ќе биде во висина од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, со вклучен персонален данок на доход. Финансиските средства, во вкупен износ од 10 милиони денари за оваа намена се обезбедени во буџетот на Градот за 2017 година. Оваа мерка веќе неколку години ја спроведува општина Центар.

За овој предлог ќе треба да одлучуваат градските советници на седницата на Советот закажана за утре. Критериумите и условите, како и начинот и постапката за доделување на субвенциите за купување велосипеди ќе бидат дополнително одредени.

Во образложението пишува дека оваа одлука треба да придонесе за намалување на проблемот со зголемениот интензитет на сообраќај во градот, поради наглиот пораст на бројот на автомобили што, пак, значително влијае на загадувањето на воздухот.

Целта на субвенционирањето на набавката на велосипеди има краткорочни и некои подолгорочни ефекти: промовирање на велосипедот како основно средство за превоз во градски услови, едуцирање и поттикнување на населението за користење на велосипедот, како финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко превозно средство, потоа намалување на сообраќајниот метеж во Скопје, намалување на загадувањето и развивање на веќе започнатиот проект „Скопје велоград“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП