5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците: Ќе бидеме само уште посиромашни

Грците: Ќе бидеме само уште посиромашни

Вкусот на горчина во грчката јавност по прифаќањето на новите мерки за штедење од околу 3,6 милијарди евра е посилен од било каквите аргументи на Владата на Алексис Ципрас.

Владата, како што пишуваат грчките медиуми, постигна продолжување на преговорите со доверителите, но притоа направи неколку чекори наназад согласувајќи се, пред се, со големото намалување на пензиите од 1,1 милијарда евра и нова, за граѓаните неповолна даночна политика од 2019 година.

Тие два зафати од 2019 година, односно 2020 година, во кои ќе бидат постепено спроведени, Грците ќе ги направат уште посиромашни за два проценти од бруто домашниот производ.

Еден од чекорите ќе биде и укинувањето на субвенциите за лекови за пензионерите, па така тие со приходите од околу 700 евра месечно ќе мораат сами да ги плаќаат. Се што е договорено би требало да биде усвоено во парламентот во наредните недели.

Грција на крајот на март постигна договор со кредиторите за новите реформи во замена за нова транша помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП