5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиски берзи: Пад на индексите, нафтата расте

Азиски берзи: Пад на индексите, нафтата расте

На азиските берзи во вторник се тргува внимателно, како и претходните денови, заради геополитичките ризици, но и заради воздржаноста на инвеститорите во пресрет на сезоната на објава на деловни извештаи на компаниите за првото тромесечје.

На берзата во Токио, Nikkei индексот околу 7 часот бил во минус 0,7 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднале меѓу 0,4 и 0,8 отсто.

Берзанските индекси во Сингапур и Австралија пораснаа меѓу 0,2 и 0,3 отсто, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот беше во минус 0,4 отсто.

Цените на нафтата ги достигнаа највисоките вредности во пет недели, бидејќи инвеститорите се загрижени за можни проблеми во снабдувањето од Блискиот исток, по американските напади на Сирија.

Така во вторник наутро цената на барелот на американскиот пазар се движи околу 53,10 долари, додека на лондонската берза барелот се тргува за 56 долари.

На валутните берзи, доларот ослабе, па неговиот индекс, што ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, утрово се движи околу 101,05 бодови, додека во понеделник ова време изнесуваше 101,25 бодови.

При тоа, курсот на доларот кон јапонската валута се лизна на 110,70 јени, додека во понеделник ова време изнесуваше 111,40 јени.

Во однос на европската валута, доларот, пак, е стабилен, па цената на еврото се движи на вчерашните нивоа, околу 1,0580 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП