2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon вработува 5.000 луѓе кои можат да работат од дома

Amazon вработува 5.000 луѓе кои можат да работат од дома

Една од предностите на новите технологии (компјутерите и интернетот) и флексибилното работно време е и работата од дома. Не морате да губите време да патувате до работа, не морате да трошите пари на превоз и брза храна, и имате можност подобро да се концентрирате. Уште кога тоа е работодавецот „Amazon“ се чини дека таа работа е од соништата.

Компанијата објави дека планира да вработи 5.000 лица кои би работеле од дома, и тоа во тимот за сервис за клиенти. Повеќето работници ќе имаат здравствено осигурување, боледување и одмор.

Она што е посебно привлечно кај оваа работа е тоа што со неа одат и одредени „бенефиции“. Ако работите повеќе од 20 часа неделно во Amazon ќе добиете и „Животно и здравствено осигурување“ а постои и програмата „Career Choice“ во склоп на компанијата која покрива 95 проценти од школарината за било кои курсеви, без оглед дали се поврзани за вашата идна кариера во Amazon.

Amazon вели дека оваа година ќе вработи уште 25.000 хонорарци да работат на сајтот, и уште 100.000 нови луѓе кои би работеле полно работно време, и сето тоа во наредната година ипол.

Во соопштението кое го издаде компанијата, не се споменува колкава ќе биде платата за оние кои работат од дома, но националната листа за плати за оние кои работат од дома вели дека тоа се 10 долари по час. Хонорарците за сега ќе работат само ноќна смена и за викендот, што би им отежнало на родителите кои се надевааат дека ќе можат да работат додека децата им се во школо или градинка.

Исто така, за сега, вработувањето е ограничено на САД.

Деталите за вработување можете да ги пронајдете овде: Работа во Амазон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП