4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе се бори со недостигот на станови во големите градови

Кина ќе се бори со недостигот на станови во големите градови

Пекинг ќе понуди на пазарот 6.000 хектари земјиште за станбена изградба до 2021-ва година, за да успее да ја покрие побарувачката на пазарот за 1,5 милиони единици за домување, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на соопштение на кинеската новинска агенција „Xinhua“.

Општинската комисија на Пекинг за урбанистичко планирање, земјата и управувањето со ресурсите изјави дека оваа година ќе предложи 1.200 хектари, кои ќе бидат доволни за изградба на 300.000 станови.

Од земјата, која ќе биде доделена за изградба во наредните пет години, 70 отсто ќе биде за домување, кои ќе бидат во приватна сопственост, а останатите ќе бидат искористени за изнајмување.

Официјални лица појаснуваат дека користеното земјиште ќе биде делумно државно и делумно – општинско.

Премиерот на Кина Ли Кицјанг ги поттикнува големите градови кои се под притисок од пораст на цените на куќите, да ја зголемат понудата на земјиште според потребите, додека владејачките се борат со вишокот понуда на имот во помалите населени места.

За да се олесни загадувањето и застојот во Пекинг, владата најави специјална нова економска зона во сериозно загадената провинција Хебеј, каде индустриите и другите функции, освен административните, може да бидат преместени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП