20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKFC најави забрана за пилешкото третирано со антибиотици

KFC најави забрана за пилешкото третирано со антибиотици

Ланецот за брза храна „KFC“ планира во целост да го отстрани пилешкото месо третирано со антибиотици од добавувачките ланци, следејки ги стапките на своите конкуренти.

Овој ланец ресторани на своите добавувачи во САД им даде рок до крајот на 2018 година целосно да ги исфрлат антибиотиците при одгледувањето на пилиња.

На овој начин и оваа компанија, покрај главните конкуренти, ќе се придружи во борбата против користењето на антибиотици при одгледувањето на месо, поради кои се развиваат бактерии отпорни на тој вид лекови.

Имено, околку две третини од антибиотиците важни за лекување на заразни болести кај луѓето се користат и при одгледувањето на животни.

Околу 70 проценти од антибиотиците кои се од витално значење во борбата против инфекциите кај луѓето, се продаваат за да би се користеле во месото и млечните производи. Поради тоа медицинските истражувачи се загрижени дека претераната употреба на овие лекови може да ја намали нивната ефикасност во борбата со болестите кај луѓето.

Минатата година 14.000 ресторани на „McDonald’s“ престанаа да служат пилешко кое е третирано со антибиотици, а конкурентот „ Chick-fil-A“, отиде чекро подалеку и во 2014 најави дека до крјаот на 2019 нема да користи месо кое е третирано со било кој вид на антибиотици.

„Свесни сме дека ова е растечки јавен здрвствен проблем“, ијави претседателот на KFC за САД Кевин Хочман.

„Тоа е нешто што е важно за многу наши клиенти, и тоа треба да го направиме за да покажеме релевантност и подготвеност во рамките на нашиот бренд“, додаде тој.

Сепак, овие планови се однесуваат на само 4.200 ресторани на KFC во Америка кои се снабдуваат од околу 2.000 фарми за пилиња.

Антибиотик политиката на KFC е поставена на основа да се применува од земја во земја, објави претседателот на оваа компанија во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП