5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„За Грција специјални инвестиции од милијарда евра“

„За Грција специјални инвестиции од милијарда евра“

Европската унија би требало да ја разгледа програмата за специјални инвестиции во вредност од милијарда евра за поттикнување на економскиот раст во презадолжената Грција.

Тоа го изјави австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг.

„Мора да го разгледаме воведувањето на големата инвестициска програма преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) или можеби Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) за да се обезбеди дополнителен поттик за грчката економија. Јас вредноста на инвестициите би ја поставил на една милијарда евра“, изјави Шелинг во интервјуто за австрискиот дневен весник Стандард.

Доколку биде во состојба да генерира краткорочен и долгорочен одржлив економски раст, Грција, како што додаде, ќе успее да закрепне и да го поврати пристапот на пазарите за капитал.

ЕИБ во декември одобри кредитна линија за грчките банкки во износ од една милијарда евра, која главно е искористена за кредитирање на малите и средните претпријатија и компаниите кои го промовираат вработувањето на младите.

Официјална Атина минатата недела постигна договор со меѓународните кредитори за клучните елементи од пакетот реформи, кој, како што наведува Ројерс, би требало да ја деблокира исплатата на финансиска помош за Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП