3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ гледа подобри перспективи пред глобалната економија

ММФ гледа подобри перспективи пред глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) гледа поповолни изгледи пред глобалната економија во оваа и следната година, отколку во 2016-та година, но сепак чувствува загриженост во краток рок, изјави директор на Фондот, Кристин Лагард во понеделникот, цитирана од светските агенции.

„Нашите предвидувања за 2017-та и 2018-та година дефинитивно се поповолни отколку што беше во 2016-та година, и веројатно малку позитивни во споредба со претходните предвидувања“, рече таа пред претставувањето на последниот извештај по светските економски перспективи.

„Има позитивни краткорочни перспективи на хоризонтот, кои за жал се во комбинација со уште постоечките ризици, а тоа нè тера да се грижиме за ризик од самозадоволство“, додаде Лагард.

„Идентификувани се две клучни загрижености што ги имаме во ММФ: едната е трајно ниската продуктивност, а втората е прекумерните нееднаквости кои се зголемуваат со оваа ниска продуктивност“, рече таа по состанокот со шефовите на други водечки глобални економски организации и германскиот канцелар Ангела Меркел во Берлин.

И покрај влијанието на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меркел изјави дека нема причина да се верува дека мисијата во ММФ е загрозена на било каков и да е начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП