Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,076.22 0.34%    AMEH 500.00 -18.7%    CKB 700.00 0%    FERS 80,000.75 0.76%    GRNT 920.00 0.48%    KJUBI 1,598.00 1.01%    KMB 5,495.20 0.32%    MKSD 227.00 2.76%    MPT 62,570.49 1.05%    MTUR 5,450.00 0%    OKTA 5,132.00 -2.99%    PKB 10,000.00 -15.54%    POPK 24.00 -4%    RZIN 101.00 0%    RZLE 19.00 0%    RZLV 82.00 0%    SBT 2,358.00 2.97%    STB 1,011.09 0.98%    STIL 120.23 1.68%    TEL 310.12 0.45%    TETE 2,477.00 3.17%    TKVS 5,369.69 1.31%    TNB 17,155.48 0.36%    TTK 1,302.00 -0.89%    

Каква е состојбата со е-трговијата во Македонија? [Инфографик]

Време: 09:26

Датум: април 11, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Eлектронската трговија придонесува за зголемување на продуктивноста, намалување на неефикасноста и претставува двигател на економскиот раст во една земја. Македонија заостануваше на ова поле поради бројни фактори како што се: долгогодишна ниска интернет пенетрација; малиот број на платежни картички во оптек, а подоцна и малата застапеност на население кое активно ги користи картичките; преференции за плаќање во готово; ниска компјутерска писменост; високи банкарски провизии кои ги дестимулираа големите компании во додавање на овој нов канал на продажба итн.

Е-трговијата во Македонија започна да се развива во 2011 година, а еден од главните двигатели на истата беше понудата на пазарот во која клучна улога одигра првиот македонски сајт за групни попусти Grouper.mk кој започна со работа во Јануари 2011 година, а кој денес претставува лидер на пазарот на е-трговија со над 135.000 регистрирани корисници. Покрај давањето на вистински поттик за граѓаните да се инволвираат во е-трговија преку атрактивните зделки со големи попусти, Grouper одигра значајна улога и во промоција на е-трговијата во целост и едукација на илјадници корисници и компании кои се впуштија во онлајн купување и ги искористија бројните придобивки.

Речиси половина од населението во светот веќе има пристап до интернет, додека во Македонија стапката на интернет пенетрација изнесува 75.3%. Покрај пристапување од десктоп, дури 81% од интернет корисниците пристапуваат до интернет од смарт телефон, а најчестата активност на интернет корисниците е учество во социјалните медиуми. Од вкупниот број на корисници со пристап до интернет, 19.3% нарачале/купиле производи/услуги од интернет во 2016 год. Корисниците најчесто правеле нарачки за купување на облека и спортска опрема, а потоа на второ и трето место се електронска опрема и производи за домаќинство. Најмногу од нарачките биле направени од други земји во светот – 58.6% (најверојатно од кинеските сајтови кои нудат производи со ниски цени), потоа домашните трговци – 40.8% и Европа – 20.7% (ДЗС, 2016).

Македонците потрошиле речиси 85 милиони евра за купување онлајн, од кои најголем дел (72.8%) биле потрошени за купувања од странски трговци или 61.9 милиони евра наспроти 25 милиони евра остварени кон домашните трговци. Два милиони евра или 8% од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци е направена од странски картички. Ако го гледаме бројот на направени трансакции кон странски е-трговци, тој изнесува 56% наспроти 44% кон домашните трговци што укажува на фактот дека просечната вредност на трансакцијата кон странските трговци е поголема од онаа кај домашните е-трговци (НБРМ, 2016).

Според најновите податоци од Народната Банка на РМ на крајот на 2016 година имало 711 интернет продажни места, но се уште отсуствува податокот за тоа колкав дел од регистрираните е-трговци се истовремено и активни на пазарот на електронска трговија. Воедно и покрај тоа што на пазарот има над 1.8 милиони издадени платежни картички, не постои податок за тоа колкав дел од населението поседува платежна картичка (имајќи предвид дека едно лице може да поседува повеќе платежни картички). Во Македонија се уште нема навика за плаќање со картичка и покрај тоа што постојат над 20.000 продажни места кои прифаќаат плаќање со картичка, односно 71% од вкупниот промет со картички е за подигнување и депонирање готовина од/на банкоматите, (67.5% подигнување и 3.5% депонирање) додека само 26% е промет од трансакции на физички места на продажба (НБРМ, 2016).

Остварената вредност на оналајн трансакции направени кон домашните е-трговци во 2016 година изнесува речиси 1.6 милиони денари што претставува пораст од 36% споредено со 2015 година. Годишниот пораст во 2016 година е значително помал споредено со претходните две години односно порастот во 2015 споредено со 2014 година изнесуваше 61%, и над 350% пораст во 2014 споредено во 2013 година.

За разлика од физичките лица, правните лица купуваат повеќе од домашни трговци отколку од странски, но сепак учеството е многу мало што е и логично ако се има предвид дека учеството на издадени платежни картички на правни лица е само 1.5%.

 

За Д-р Нина Ангеловска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Нина Ангеловска e извршен директор и ко-основач на првиот македонски веб сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој предизвика револуција во оналјн купувањето и стана лидер на пазарот на е-трговијата. Дипломирала како најдобар студент на генерацијата на Економскиот факултет, Скопје на департманот по Е-бизнис. На натпреварот за најиновативен бизнис план организиран од NCDiel во 2010 година  победува и добива парична награда со која го започнува бизнисот. Нина верува во моќната синергија помеѓу теоријата и праксата и се стреми со стекнатото практично знаење да придонесе кон науката. Магистрира во 2012 година, а веќе во 2016та година станува Доктор на науки.

Нина Ангеловска се наоѓа на листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа (100 Female Founders Europe) која ја состави еминентниот германски магазин The Hundert, а потоа ја сподели и Forbes.

Со нејзиното 6 годишно искуство во менaџирање на најголемиот сајт за е-трговија и успешната претприемачка приказна, Нина е говорник и предавач на бројни настани, конфенреции и тренинзи, а од неодамна и ментор на неколку академии.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Од понеделник цената на бензините по новата методологија

    Од понеделник цената на бензините по новата методологија

    Од следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија, која регулаторите треба да ја донесат во следните…

  • НБРМ: Раст на кредитите и депозитите во април

    НБРМ: Раст на кредитите и депозитите во април

    Раст на кредитите и депозитите е забележан во април. Податоците на Народната банка покажува дека растот е забележан и кај секторот население и кај домаќинствата.…

  • Рестораните на Џејми Оливер пред затварање

    Рестораните на Џејми Оливер пред затварање

    Познатиот британски готвач повторно има големи финансиски проблеми. Повеќе од 1.300 луѓе можеби ќе останат без работа. Рестораните на познатиот готвач Џејми Оливер се пред…

  • Македонската трпеза сѐ поскромна – многу леб, малку месо

    Македонската трпеза сѐ поскромна – многу леб, малку месо

    На просечната трпеза има најмногу леб и компир, а најмалку месо и риба. Македонецот од година во година се храни се поскромно. Според официјалните податоци…

  • Русија го носи Nestle на суд поради откриено ГМО во овесните каши

    Русија го носи Nestle на суд поради откриено ГМО во овесните каши

    Рускиот регулатор за заштита на правата на потрошувачите Rospotrebnadzor, започна прекршочна постапка против компанијата Nestle Русија, откако пронашол генетски модифицирана папаја во инстант овесната каша…

  • До крајот на векот многу повисоко ниво на морето од очекуваното?

    До крајот на векот многу повисоко ниво на морето од очекуваното?

    Научниците изразија уверување дека нивото на морето може да се зголеми многу повеќе отколку што се очекуваше поради брзото топење на мразот на Гренланд и…

  • УНЕСКО: Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство

    УНЕСКО: Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство

    УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави природното и културното наследство на Охридскиот регион на листата на загрозено светско наследство, како резултат на недоволниот…

  • Просечната плата во март 24.590 денари

    Просечната плата во март 24.590 денари

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава во земјава изнесувала 24.590 денари и е за 3,8 отсто повискока од март лани, покажуваат податоците…

  • Чешка против ”двојниот квалитет” на прехранбени производи во ЕУ

    Чешка против ”двојниот квалитет” на прехранбени производи во ЕУ

    Владата забранила продажба на прехранбени производи со понизок квалитет од оние кои под исто име се продаваат во западна Европа. Чешката влада соопштила дека усвоила…

  • Жена од Полска роди шесторка

    Жена од Полска роди шесторка

    Дваесет и деветгодишна жена денес во Полска роди шесторка, што е прв случај во земјата. Бебињата, од кои четири се девојчиња, се родени со царски…